30
Нов инцидент во автобусите на ЈСП – млада скопјанка била нападната додека се возела, стои во полицискиот билтен.
Немилиот настан се случил пред два дена на подрачјето на општина Центар.
На 18.02.2025 во 13.15 часот во СВР Скопје, А.Д.(23) од с.Волково, скопско, пријавила дека околу 12.45 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, едно женско лице физички ја нападнало.
-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакнаа од МВР.