Девојче извлечено од под урнатините во Сирија 40 часа по земјотресот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Спасувачкиот тим на невладината организација Бели шлемови објави видео на кое се гледа како спасувачи извлекуваат девојче од урнатините на куќа по 40 часа. За чудо, детето не е тешко повредено иако речиси два дена било заробено во ѕидовите на урнатата куќа.

Бројот на луѓе чија смрт е потврдена во Сирија е 2.470, пренесува АФП.

Спасувачкиот тим на невладината организација Бели шлемови соопшти дека во тој дел на Сирија, кој не е под контрола на владата, се повредени над 2.600 луѓе.

„Ројтерс“ јавува дека бројот на загинати се очекува значително да се зголеми бидејќи стотици семејства се уште се под урнатините, повеќе од 50 часа по земјотресот.

Слични содржини