Џафери: Борците на антифашистичката генерација ја избраа потешката, но вистинска страна

од Nikola Popovski
319 прегледи

Борците на антифашистичката генерација се исправија решително, ја избраа потешката, но вистинска страна и со тоа ги сочуваа своето достоинство, човечноста и солидарноста но над сѐ, го дадоа својот придонес за подобар, похуман и поцивилизиран свет, свет без болка, солзи, без поделби и тага, напиша претседателот на Собранието, Талат Џафери, во неговата честитка по повод денешниот државен празник, 11 Октомври – Денот на народното востание.

Според него, „денес оддаваме почит на сите кои имаа удел во таа борба, за да можеме сите ние да ги уживаме благодатите на животот во слободна, силна и демократска држава, која од минатата година со членството во НАТО и самата е контрибутор во светскиот мир и поредок“.

-Битно е, лекциите од минатото да се научат, да се запомнат и никогаш повеќе да не се повторат затоа што, поделбите никому не носат ништо добро и во овој свет само сплотеноста носи кон прогрес. Драги граѓани, Ви посакувам да имате убав празничен ден! Честит 11 Октомври – Денот на народното востание!, стои во честитката на Џафери.

Слични содржини