Денес спикерот на Парламентот, Талат Џафери треба да ги распише локалните избори, кои треба да се одржат на 17-ти октомври.
-Одморот на пратениците е до крајот на август, а претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието, соопштија неодамна од кабинетот на Џафери.
Се додава дека спикерот после распишувањето на изборите ќе замине на одмор во Албанија, а нова седница ќе биде закажана на средината на септември.
Дел од партиите веќе излегоа со свои кандидати и најавија соработки за претстојните локални избори.
СДСМ ќе коалицира со ДУИ, БЕСА и ДПА. Најавија дека меѓусебната поддршка во некои општини ќе си ја дадат уште во првиот круг на изборите, а во други општини ќе се поддржат во вториот круг. Од СДСМ велат дека тие се фаворити во сите градови, а тоа го потврдувале и анкетите.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе излезе со комплетно нови кандидати за локалните избори, кои, како што нагласија, се многу поразлични и имаат што да понудат и поради тоа ќе бидат победници. Сите кандидати конечно ќе бидат објавени во септември.