Џафери до опозициските пратеници: Ова не е обложувалница, а цел ден ми тупите со медиумите

од Nikola Popovski
278 прегледи

„Мене ми зборувате овде дека јас сум го попречувал овде носењето на пакетот мерки. Тоа е некоректно и неколегијално, тоа е срамота“, вака им се обрати спикерот Талат Џафери на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои стануваа од своите столчиња и одеа кон излезот од салата.

Координаторот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пратеничката група нема да учествува на 32-рата седница, и побара да почне расправата по 36-тата седница и да бидат донесени мерките.

„Прекинете го овој циркус и ајде да ја почнеме 36.седница и да ги донесеме законите од економскиот пакет“, рече Мицевски.

На тоа спикерот му одговори дека ова не е обложувалница.

„Што мислите вие јас јадам слама? Што водам јас овде? Ова не е обложувалница, ова е државна институција. Си има процедури и рокови. Вие поднесовте 2000 амандмани за законот за државјанство. Ако сакам и три часа ќе зборувам, три месеци ме тупите тука. Цел ден ми тупите со медиумите. 101 пратеник се потпишани, влезете да се донесат одлуките и работете“, изјави Џафери.

Тој откако почна да ги чита кои пратеници се пријавени и се во салата, пратениците накратко се вратија во салата, но не на своите места.

Координаторот на СДСМ Јован Митревски , во меѓувреме, соопшти дека тројца пратеници од мнозинството се позитивни на коронавирус. Тој им се извини на граѓаните што се уште нема услови да се донесе петтиот пакет мерки.

Слични содржини