Џафери ги достави барањата за притвор на пратениците до ресорната Комисија

од Vladimir Zorba
86 прегледи

   Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва ги достави до Комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за притвор за шест пратеници.

Од Собранието на РМ соопштија дека согласно член 53 став 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Собранието Џафери, ги достави до Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција IV KOK.ПП. бр.384/17 од 28 ноември 2017 година.

Пред одликата за доставување на барањата до Комисијата, преседателот на Собранието Џафери оствари средби со премиерот Зоран Заев и Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања ќе се одржи утре во 12 часот, потврди за МИА пртеседателот на Комисијата Павле Богоевски.