Џафери и Шеноп: Меѓупарлементарните односи ќе придонесат за натамошно продлабочување на соработката

од Ивана Рамаданова
190 прегледи

Политичките и економските односи се на многу добро ниво, но постојат потенцијали да се развијат уште повеќе за што институциите на двете земји ја имаат потребната волја и добра намера за тоа. Токму парламентарната дипломатија и меѓупарлементарните односи ќе продонесат за натамошно продлабочување на соработката, оценија претседателите на Собранието на Република Северна Македонија и на Големото национално собрание на Република Турција, Талат Џафери и Мустафа Шентоп, по денешната тет-а-тет средба во Скопје.

„Односите не се значајни само за двете земји, туку и за мирот и стабилноста на Балканот што е многу значајно и пошироко. Турција ќе продолжи со својата поддршка за Република Северна Македонија во насока на аспирациите за евроатлатнска интеграцијана земјата. Веќе сме во финалнафаза на вашето членство во НАТО зашто верувам дека во најбрз можен рок ќе се заокружи овој процес, а се надевам дека во позитивен терк ќе продолжат и аспрациите за членство во Европската Унија иако се случуваат одредени застои“, рече Шеноп.

Тој истакна дека Големото национално собрание на Турција на експресен начин го ратификуваше Протоколот за членство на земјава во НАТО и додаде дека може да се каже оти тоа е најбзро ратификуван меѓународен акт до сега.

Нагласи дека му е чест што е тука на денешниот, како што рече, значаен ден за турската заедница во земјава, 21 декември, Денот на турската настава во Северна Македонија што е потврда за мостовите што постојат меѓу двете земји.

Претседателот на Собранието Џафери посочи дека на денешната средба споделиле мислења  за актуелните состојби и активности од вземен интерес на домашен и регионален план и оти се согласиле дека интензивната комуникација на високо ниво на политички план, на билатерлано и на мултилатерално ниво силно придонесува за унапредување на севкупните односи со што се отвора простор за понтензивна економска соработка.

„Република Турција е земја со која односите се развиваат во духот на историски традиционалното пријателство, меѓусебно разбирање, партнерство и активна соработка во бројни полиња од заемен интерес, а денешната средба е дополнително збогатување на важната парлементарна соработка“, рече Џафери.

Тој посочи дека силен мост на соработка меѓу двете земји претставуваат граѓаните од турската заедница во земјава и граѓаните кои се иселени од тука и се етаблирани во Турција.

„Значајната алка на поврзување не може да помине без да се спомене убавиот празник што денеска го слави турската заедница, односно Денот на наставата на турски јазик, а токму образованието е најдобриот начин за зачувување на идентитетот на секоја нација“, потенцира Џафери.

Тој се забагодари за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО од Големото национално собрание на Република Турција и додаде дека веќе се чувствуваме како 30-та земја-членка на Алијансата и потсети оти веќе ги споделуваме заедничките вредности и одговрности во Мисијата на НАТО во Авганистан „Одлучна поддршка“, каде припадниците на нашата Армија се дел од турскиот контингент.

Слични содржини