Џафери: Како што кажав и пред изборот, функцијата не ја однесов во Тирана како што велеа

од Aleksandar Todeski
323 прегледи

Првпат во овие три години говорам во име на субјект на кој припаѓам. Дојдов во истово одело во кое сум и денес и тогаш некој констатирал дека побрзо ова одело ќе го покрие прашината отколку јас да станам претседател на Собранието. Ова одело не го покри прашина, тоа јасно се гледа, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој пред пратениците се обрати како пратеник на ДУИ.

„По иницијативата и поддршката од колегите-пратеници од парламентарното мнозинство без разлика од оспорување на опозицијата, се обврзав дека функцијата ќе ја извршувам без да учествувам во одлуките на партијата. Верувам дека ова ќе го оценат граѓаните. Тогаш некој рече, не треба да раководи со функцијата друг кадар, бидејќи се засновало на Тиранска платформа. Како што реков тогаш, дека и како министер, што бев и пред да ме изберат, не ги однесов овие функции во Тирана, туку тие се функции во оваа земја“, посочи Џафери.

Тој вели дека е убеден дека народот, гласачите и граѓаните не ги разочарале од програмските определби.

А.Т.

Слични содржини