Џафери лани се сретнал со делегација од Чеченија блиски до Путин, Милошоски денес прашува што им ветил

од Nikola Popovski

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави вест за средба која се случила минатата година во јули месец помеѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и делегација на Чеченија. Според него, Џафери одлучил да биде дискретен и не објавил за што се разговарало на средбата.

-На чело на чеченската делегација бил Абдул-Вајед Нијазов, марионета на Кремљ во тамошниот “Исламски културен центар”, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението “Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин”. Гостите од Чеченската Република го посетиле и Тетово каде објавиле дека со општината се договориле за изградба на парк и споменик на Ахмат Кадиров, првиот претседател на Ч.Р. и носител на орден “Херој на Русија”. Инаку Ахмат Кадиров е татко на сегашниот деспотски шеф на Чеченската Република, Рамазан Кадиров, кој со неговите војници ревносно му помага на претседателот на Русија во инвазијата врз Украина, често извршувајќи ги најбруталните операции, пишува Милошоски на Фејсбук.

Тој додава дека за гостите бил организиран и свечен ручек во елитниот хотел “Буши” во Скопје, но нема информација дали сметката е платена од буџетот на Собранието или платил некој друг.

-На собраниската веб страна нема информации за овој настан, но за среќа во Агенциите за безбедност има детални извештаи, наведува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини