„Во принцип мислам дека воспоставената пракса дека се зависи од лидерската средба е лоша пракса и не смета дека тоа е решение, затоа што Собранието е уставно определено и институција која треба да функционира надвор од другите влијанија“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери за емисијата „Топ тема“.
Според него, институциите не се партиски, туку се институции на граѓаните и на државата.
„Владата ни сега, ни претходно не е Влада на СДСМ и коалицијата, ниту на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Собранието не е Собрание на мнозинството, туку тоа е на граѓаните и пратениците“, потенцира Џафери.
Премиерот Зоран Заев е со план да свика лидерска за да се надминат сите прашања поврзани со блокадите во законодавниот дом, но и поврзани со измените во Изборниот законик кој треба да се направат во пресрет на престојните локални избори како и барањата на опозицијата за фингер принтовите . Заев денеска посочи дека се обезбедени финансиски сретства но мора да се направат потребните законски измени со консензус на сите политички партии.
Од ВМРО ДПМНЕ пак и денеска додаваат дека Заев пред да свика лидерска треба да се позанимава со внатрекоалициските случувања , но и тврдат дека собранието е блокирано поради како што велат тесното парламентарно мнозинство .