Џафери: Не може некој да биде пратеник, а после да буричка по контејнери

од desk2
115 прегледи

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека имало идеја за закон за пратенички привилегии, но не сакаше да коментира додека не го види текстот на законот.


Ова го кажа Џафери на денешниот утрински брифинг со новинарите.

– Идеја како идеја може да постои и може да ја даде било кој пратеник. Но, кај мене нема пристигнато текст или драфт верзија на законот. Ќе се произнесам откако ќе го видам – рече Џафери.

Тој додаде дека во други земји има законско решение кадешто е уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.

во разговорот со новинарите тој рече дека не може некој да биде четири години пратеник, а после да буричка по контејнери./Nezavisen