231
Собранието не ја прифати интерпелацијата на Талат Џафери, со што тој останува претседател на Парламентот, вечерва беше одлучено на 77-та седница.
Според резултатите, 43 пратеници гласаа „за“, а 61 пратеник гласаа „против“ разрешување на Џафери. Вкупно гласаа 104 пратеници. Немаше воздржани.
-Одговорно и совесно ќе продолжам да ја вршам работата, рече Џафери после гласањето.