Џафери: Пратениците наместо да дебатираа за точките во Комисијата се дебатираа за предизборната кампања

од Берта Китинска
264 прегледи

Пратениците наместо да дебатираа за точките во Комисијата се дебатираше за предизборна кампања и тоа предвремена. Мислам дека бев во право уште во 2017 година кога на пратенците им дадов пауза да се занимаваат со кампања, таму кадешто треба и да не ја прелеваат во Собранието, вели претседателот на Собранието Талат Џафери за Утрински Брифинг.

– Има битни точки закони заглавени во комисиите, не се завршени поради комисиите. Според деловникот останува на совеста на претседателите на комисиите. Наместо политичките и партиските одлуки да ги спроведат низ деловничка процедура и да отворат  пат да се работи по тие точки.  Деловникот предвидува точен рок кога и за колку треба во кое да се разгледаат точките во рабнотните тела, но се користи правото на пратеник да може реплицира колку пати сака, да се пријави за збор неограничено и тоа се претвора во инструмент за попречување на седниците на комисиите. Неместо да се блокира за точките од Комисијата се зборуваше за предизборна кампања. Да не се прелева во самото собранието, вели Џафери.

Според Џафери, една од можностите за одблокирање на комисиите е ако претседателот назначи нов претседател на комисијата и закаже седница, но „ефектот ќе биде ист“, вели Џафери потсетувајќи дека политичка блокада повторно ќе има и останува на совеста на пратенциите да бидат поефикасни во работата.