Џафери се изнервира, со или без потписот на Иванов Договорот со Грција ќе се објави во Службен весник

од desk4
119 прегледи

“Нема да дозволам Претседателот да ги злоупотребува овластувањата што му припаѓаат на Собранието“ – со овие зборови претседателот на Собранието, Талат Џафери, му се обрати на Претседателот дека со или без неговиот потпис, Предлог законот за ратификација на договорот со Грција ќе биде објавен во Службен Весник, пренесе ТВ21.

 

„Собранието има и обврска и уставно право своите одлуки да ги спроведува до крај. Сите други институции што имаат уставна обврска да ги проследат потребните процедури, треба да го почитуваат уставот и волјата на Собранието и да ги спроведат до крај. За сите можни дилеми за одлуките што ги носи собранието, уставот има назначено посебен орган, а тоа е Уставниот суд кој што е надлежен за чекорите на секој еден граѓанин или институција“, вели Џафери.