Џафери со сочуство за смртта на Елизабета Втора: Граѓаните на мојата земја ја споделуваат тагата со народот во Британија

од Nikola Popovski

Претседателот на Собранието, Талат Џафери испрати телеграма со сочувство по повод смртта на кралицата Елизабета II.

-Ваша екселенцијо, со големо жалење ја примив веста за смртта на Кралицата Елизабета II и дозволете ми од името на Собранието на Република Северна Македонија и од свое лично име да Ви упатам изрази на искрено сочуство.

Граѓаните на мојата земја во овие моменти заедно со народот во Обединетото Кралство како и ширум светот, заедно ја споделуваат тагата околу заминувањето на Кралицата Елизабета II и со почит ќе се сеќаваме на нејзините дела и огромен придонес за севкупниот развој и демократскиот просперитет на Вашата голема нација.

Примете ги уште еднаш екселенцијо изразите на моето длабоко сочуство, стои во телеграмата.

Во текот на вчерашниот ден сочувство изразија и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Слични содржини