Џафери: Собранието нема пропис ако некој пратеник се зарази со коронавирус

од Берта Китинска
545 прегледи

Првиот човек на Собранието, Талат Џафери во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека „на нож“ наишла идејата за алтернативна работа на Собранието.

„Доколку не можат пратениците да дојдат на работа или доколку се заразат со коронавирус, ние немаме пропис како би постапиле во таа ситуација. Во првата координација гласно размислив за да потенцирам и иницирам размислување кај другите пратеници, да размислиме за други алтернатива работа во Собранието, но тоа наиде на нож“, изјави Џафери.

Тој посочи дека заедно со опозицијата, во понеделник ќе бидат донесени измени во законот за образование.

Слични содржини