Џака одбил да се вакцинира, па сега е позитивен на коронавирус

од Nikola Popovski
208 прегледи

Швајцарскиот фудбалер и член на Арсенал, Гранит Џака е позитивен на коронавирусот.

Џака доби позитивен тест пред почетокот на квалификациите за Светското првенство и нема да може да 1 помогне на репрезентацијата на својата земја, објави британски „Athletic“.

За да бидат работите покомплицирани, Џака не бил ниту вакциниран, што дополнително ги налутило челниците на швајцарската федерација.

„Сметав на Гранит“, рече тренерот Јакин по натпреварот.

Тој посочи дека Фудбалскиот сојуз може само да им препорача на играчите да бидат вакцинирани.

„Тој е наш капитен и тоа е негова одлука“, рече Јакин, а пренесе „Блик“.

Слични содржини