Џамбаски го нападна Дачиќ поради „фашистичките злосторства на Бугарија врз Македонија“

од Nikola Popovski
410 прегледи

Србија сè уште не ги осуди злосторствата извршени врз народите на поробена Југославија, рече бугарскиот европратеник и заменик претседател на ВМРО БНД, Ангел Џамбаски по повод минатогодишната изјава на претседателот на српскиот парламент Ивица Дачиќ за „фашистичките злосторства на Бугарија врз Македонија“.

Тој го повика Дачиќ да ја објасни својата позиција. Според европратеникот, тој побарал одговор од Дачиќ за време на седницата на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, „бидејќи е историска вистина дека Бугарите биле пречекани во Македонија како ослободители“.

Во исто време, тој го повика српскиот политичар да раскаже за работата на југословенските специјални служби и „поробената“ Југославија.

Да потсетиме, Дачиќ во декември минатата година изјави дека нашите граѓани не треба да го нарекуваат „администрација“ периодот на бугарско владеење во Македонија за време на Втората светска војна.

Како што рече, „бугарската окупација беше дел од коалицијата на Хитлер“.

„Барем ние, кои живееме во јужниот дел на Србија, знаеме многу добро колку биле сериозни злосторствата на Бугарите. Тоа не беше администрација “, рече Дачиќ претходно.

Слични содржини