Џеј Ло и Лејди Гага ќе му го зададат последниот „удар“ на Трамп

од Берта Китинска

Инаугурација на новоизбраниот претседател на САД ќе ја одбележат две музички диви – Лејди Гага и Џенифер Лопез, кои ќе му го дадат последниот „удар“ на претседателот на САД во заминување Доналд Трамп. Со оглед на тоа што и пејачите јавно го поддржуваа Бајден на изборите, Трамп сигурно не го сака овој „печат“.

Во специјалното шоу, кое ќе трае 90 минути и ќе се вика „Прослава на Америка“, ќе учествуваат и некои други познати личности во САД, како што се Џон Бон Џови, Деми Ловато, Џастин Тимберлејк и Ент Клемонс, објави Ројтерс, а ABC News додава дека ќе им се придружат Џенифер Лопез и Лејди Гага, кои ќе ја пеат американската химна. Веќе е добро познато дека Холивуд навистина не го поддржува Трамп. Покрај тоа, Лејди Гага со цело срце го поддржуваше Бајден за време на изборната кампања, а ayеј Ло дури плачеше од среќа по изборниот исход.

Слични содржини