Џеј Ло не сака да се мажи во моментов

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Џенифер Лопез воопшто не чувствува потреба да се омажи за Алекс Родригез во моментот изјави за  “Контакт Мјузик“.

49-годишната пејачка и актерка верува дека со поранешната бејзбол-ѕвезда, тие ги доживуваат своите најдобри години заедно и не бараат никакви промени во нивниот живот.

Поранешниот спортист има две ќерки – 14-годишната Наташа и 10-годишната Ела од претходниот брак. Џеј Ло има близнаци – 10-годишниот Макс и Ема, од неговиот поранешен сопруг Марк Ентони.

“Среќни сме и благодарни за она што го имаме и во овој момент не ни треба повеќе. Мораме да дозволиме работите да функционираат сами “, ѕвездата е категорична.