Односите помеѓу Канје вест и Џеј Зи се чинеа заладени, уште откако Вест започна да излегува со Ким Кардашијан, пред 5 години. Но конфликтот во нивното 16 годишно пријателство стана уште поочигледен кога Вест се пожали од Џеј, за време на неговата “Saint Pablo” турнеја во средата.

“Не ми се јавувај после грабежот да ме прашаш како се чувствувам. Сакаш да знаеш како се чувствувам? Намини кај мене дома” изјави тој за време на настапот.
Изворите соопштуваат за “Paige Six”, дека Џеј воопште не направил никаков обид да се види со контроверзниот пејач затоа што мисли дека човекот е лудак.

“Џеј не може да го поднесе. Мисли дека тој е еден луд, ексцентричен тип што може да се толерира само во мали дози. Канје е лудак и сите го знаат тоа” пренесуваат изворите.
Џеј Зи, кој е сопруг на Бијонсе, наводно го толерирал Канје само поради деловни причини. Нивниот заеднички албум “Watch The Throne” им донесе многу пари.

“Џеј тогаш рече “ќе направиме заедничка турнеја што ќе ни донесе милиони долари и тоа можам да го толерирам”. Реалноста е тоа дека Џеј не сака многу да се дружи со него. Тој сака свој сопствен простор и е приватна личност. Тие се многу различни. Непосредниот круг на Џеј е многу изолиран, а Канје е човек кој секогаш сака нешто во центарот на вниманието” додава изворот.
