Џеј Зи предизвика големо внимание со објавувањето на својот последен албум. Проговори за неверство, за бременоста на Бијонсе и за Кајне Вест.
Дали се работи само за маркетиншки трик или не, знаат само тие…

Новиот албум на Џеј Зи е насловен „4:44″. Токму како и Бијонсе која на својот албум „Лимонада“ наговести дека има брачни проблеми, така и Џеј Зи преку албумот проговори за некои работи од бракот на славната двојка, кои неодамна добија близнаци.
Според Daily Mail, албумот “4:44″ е извинување за неверството, додавајќи дека барем во три песни раперот признава дека изневерувал. Во песната “Kill Jay-Z” се обраќа кон самиот себе, спомнувајќи го и Ерик Бенет, поранешниот сопруг на актерката Хале Бери, која ја изневерувал. Во песната спомнува и судир со Соланж, наведувајќи дека сите ја напаѓале Соланж, но не биле во право.
На албумот негира дека близнаците ги добиле од ин витро, туку дека се чудо кое му дошло за да ги увиди грешките. Са Канје Вест, во една од песните вели дека му позајмил 20 милиони долари.
Сето тоа се песни, но може да се поврзат со стварноста. Џеј Зи и Бијонсе добија близнаци неодамна, им ги дадоа имињата Руми и Сир, а TMZ наведува дека веднаш ги заштитиле како сопственост.