Џејк Гиленхал е пресреќен со својата нова девојка

од Vladimir Zorba
136 прегледи

Џејк Гиленхал не може да престане да се смее, бидејќи има нова, сериозна девојка. Холивудскиот актер веќе неколку месеци излегува со францускиот модел Жан Кади.

38-годишната ѕвезда на филмот “Spider-Man: Far from Home” беше забележан на вечера со 22-годишната Французинка во локалот “Sweetgreen” во Брајант Парк, Њујорк, во понеделникот вечер.

Еден извор кој ја забележал среќната двојка раскажува за Пејџ Сикс: “Џејк беше супер насмеан. Изгледаше многу среќен. Тој и неговата девојка не престанаа да се гушкаат и дефинитивно изгледаа среќни да бидат заедно. “

Гиленхал и Кади беа забележани заедно за прв пат на крајот на минатиот месец додека се шетаа низ Париз.

Според актерот, тој е во врска со прекрасната бринета од јуни 2018 година. Во минатото Џејк излегувал со Тејлор Свифт, Кирстен Данст, Алиша Милер и Емили Ди Донато, но со години немал сериозна девојка.