Актерот Џејми Дорнан и неговата сопруга Амелија Ворнер станаа родители по трет пат. Двојката повторно доби девојче за радост на двете ќерки на ѕвездите Дулси (5) и Ева (3).
Веста ја потврди среќната мајка која прикачи слика на детски чевли во Instagram и напиша: “Толку сум горда дека сум мајка на овие три прекрасни девојки, за мене е чест да бидам нивна мајка … се чувствувам неверојатно среќна денес”.
Фото: Instagram
Во октомври се шпекулираше дека семејството на Дорнан ќе се шири.
Неодамна Џејми сподели: “Да правам деца среќни е она што ме тера да се движам напред”.