Славниот готвач Џејми Оливер ги повика државните органи да ја забранат продажбата на енергетски напитоци на деца затоа што се сомнева во поврзаноста меѓу потрошувачката и лошите ученици во училиштата.

Тој го поддржа повикот на Националниот совет за образование да се постави старосна граница од 16 години.
Додава дека владата треба да се придржува до насоките кои веќе постојат за многу конзерви на кои пишува дека енергетските пијалоци не се погодни за деца.
„Ако компаниите кои произведуваат енергетски напитоци ни сугерираат дека нивните производи не се препорачуваат за деца, зошто 10-годишник може да го купи кога и да посака?“, прашува Оливер.
„Итно ни е потребно владата да постави старосна граница за продажба на енергетски напитоци“.
Дури 69 отсто од тинејџерите и 24 отсто од децата под 10 години во Велика Британија ги пијат овие пијалоци.