420
Популарниот готвач кој минатата година прогласи банкрот сега се враќа на телевизиските екрани со нова емисија наменета за луѓето во изолација и карантин.
Тој со емисијата Keep Cooking And Carry On ќе готви со најосновните намирници кои најчесто се купуваа кога одекна пандемијата и кои луѓето ги имаат на залиха.
Со овој гест, Оливер помага и луѓето да се ангажираат со нешто за да може полесно да ги поминат деновите во изолација, но и да зготват нешто хранливо и корисно со намирниците кои ги купија во огромни количини и сега не знаат што со нив.