Холивудскиот актер Џејмс Франко (43) конечно откри како се чувствувал откако неколку жени во 2018 година го обвинија за сексуална злоупотреба. Наведе и што го поттикнало на тоа.
Бев зависник од секс, целосно маѓепсан до тој степен што не можев да се контролирам“, рекол Франко и додал дека навистина немал намера да ги повреди.
Имено, неговите проблеми излегле од контрола кога открил дека навистина никогаш не може никому да му остане верен.
„Ги изневерував сите, но се променив откако ја запознав Изабел“, призна Џејмс.
„Јас навистина не бев тип за една ноќ, туку само ќе се дружев или излегував со пријателите“, рече Франко, додавајќи дека зависноста го направила своето.
Но, сексот не беше единствената зависност со која се бореше Џејмс. Имено, во минатото актерот бил зависник од алкохол и дрога, што на крајот довело до депресија. Освен тоа, имал и проблеми со законот, поради пијанство, цртање графити и препродавање украдени парфеми.
– Мојата зависност од секс беше присутна се додека снаа ми не ми даде прирачник за зависност – секс и љубов – призна Франко и додаде дека всушност бил воодушевен од подарокот.
Да потсетиме, по освојувањето на Златниот глобус, за улогата во филмот „The Disaster Artist“, дури пет жени го обвинија дека ја користел позицијата на учител по глума за да ги задоволи сексуалните фантазии. Потоа се обидел да се договори за точно 2 милиони и 235 илјади долари.