Франко ги негира обвинувањата: Лажни се, само ми даваат публицитет

Актерот Џејмс Франко одговори на обвинувањата на жените кои тврдат дека сексуално ги искористувал преку својата школа за актерство „Playhouse West Studio 4“ која денес е затворена. Според пишувањата на странските медиуми, тој предал пишан приговор на тужбата која во октомври минатата година ја поднеле актерките Сара Титер Каплан и Тони Гаал.

– Малицозните обвинувања кои ги изнесоа станаа храна за аблоидите, но исто така се лажни и немаат вистински темел. Поднесени се за да им донесат што е можно поголем публицитет. Оваа тужба е травестија и кулминација на компанијата која ми ја уништија тешко заработената и изградена репутација на чесен човек – напишал меѓу останатото Франко.

Франко актерското школо го отворил во 2014 година, а ја затворил три години подоцна. ЛА Тајмс објави натпис во кој ги изнесе обвинувањата на актерките дека актерот сексуално ги искористувал. Тогаш медиумите раскажале дека Франко ги тргнал заштитите за време на снимање на сцена со орален секс во филмот The Long Home во 2015 година.

– Размислував за тоа дали смеам да му кажам или не. Се чувствував искористено, тој ја искористуваше својата моќ – навела Сара.

Во приговорот, Франко напишал дека Титер Каплан била благодарна што добила прилика да работи со професионалци во неговото училиште, во кое тој бил еден од професорите.

– Режисерот и останатите вклучени во филмот потврдиле дека актерките, вклучувајќи ја и Титер-Каплан, биле свесни дека ќе има голи сцени однапред, се внимавало и им се давало внимание за време на снимањето за тоа како тие се чувствуваат, дали им е пријатно или не и никој не се пожалил – додал актерот.

Сара Титер – Каплан и Тони Гаал во октомври минатата година го обвинија Франко за непримерно сексуално однесување кон студентките. Тие додале дека тој ја искористил својата позиција на моќ и влијание кое над нив ја имало.

Адвокатот на Франко, Михел Плонскер, објави дека во правната битка актерот ќе ги демантира сите наводи на обвинителите и дека ќе бара отштета од нив и нивните адвокати.

Слични содржини