Џејмс Франко ќе сведочи против клеветите од Амбер за Џони Деп на суд

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Џејмс Франко ќе се појави како сведок на случајот на Џони Деп против неговата поранешна сопруга, Амбер Херд.


Актерот треба да сведочи пред адвокатите на ѕвездата од “Пиратите од Карибите”, поради видео на кое се гледа како се прегрнува со тогашната сопруга на својот колега во лифт.

Според бранителите на Херд, еден ден по снимањето, Деп ја удрил актерката и го помодрел нејзиното око.
Адвокатите на Деп го побарале и поранешното момче на Амбер – милијардерот Илон Муск, бидејќи имаат докази дека тој ја видел актерката во тоа време и таа немала модринки на лицето.

56-годишниот актер ја тужи поранешната сопруга за клевета и ја обвинува за намерни лаги и измислени повреди кои таа тврди дека ѕвездата ѝ ги  предизвика за време на нивниот брак

Слични содржини