Џејн Остин на британските пари за слепи и слабовиди

од desk2
105 прегледи

Новата хартиена банкнота од 10 фунти која во четврток почна да се користи во Велика Британија дизајнирана е така да можат да ја користат слепите и слабовиди лица.


На парите во горниот лев агол се наоѓаат издигнати точки кои ќе им помогнат на лицата со лош вид да ја идентификуваат парата, а содржи и задебелени бројки и подигнат принт. Слабовидите лица претходно парите ги распознаваа по боја и големина.

Овој проект е работен во соработка со Кралскиот национален институт за слепои лица.

Банкнотите имаат уште една посебност, а тоа е дека на нив се наоша слика од Џејн Остин, која е единствена жена во Британија што на парите се нашла покрај кралицата. Таа го замени Чарлс Дарвин на банкнотата од десет фунти по јавната камања која изврши притисок Англиската банка да стави слика на жена на пари.

Џејн Остин е  писателка родена на 16 декември 1775 – починала на 18 јули 1817 чиј реализам, остри коментари за општеството и одличната употреба на слободниот индиректен говор, пародијата и иронијата и го овозможиле местото на една од нашироко читана и најмногу сакана писателка во англиската книжевност. Најпознато дело е Гордост и предрасуди.

На сите останати банкноти се наоѓаат маќи: поранешниот премиер Винстон Черчил на банкнота од 5 фунти, еконосмистото Адам Смит на 20 фунти, а пионерите на парните погони Метју Болтон и Џемс Ват ја красат банкнотата од 50 фунти. Кралицата е прикажана на предната стрна од сите пари.