Џек Грилиш: Сакав да шутирам пенал

од Nikola Popovski
417 прегледи

Англискиот репрезентативец и член на Астон Вила, Џек Грилиш изјави дека бил подготвен да го изведи пеналот во синоќешното финале на ЕУРО, но дека конечната одлука ја донел тренерот на Гордиот Албион, Герет Саутгејт.

Англија беше поразена од Италија на Вембли по изведувањето на пенали, откако младите фудбалери Маркус Рашфорд, Џајдон Санчо и Бакари Сака беа непрецизни од белата точка.

„Стерлинг и Грилиш не смееја да го пуштат Сака да го изведе пеналот“, рече легендарниот Рој Кин, кој смета дека Стерлинг и Грилиш морале да преземат одговорност пред младите играчи.

Одговор стигна од играчот од средниот ред на Астон Вила, кој истакна дека одлуката да не се шутира пеналот не била негова.

„Реков дека сакам да шутирам! Селекторот донесе толку многу точни одлуки за време на турнирот, а истото го стори и во финалето. Сепак, нема да дозволам луѓето да кажат дека не сакав да шутирам пенал, кога реков дека сакам“, напиша Грелиш на социјалните мрежи.

Слични содржини