Сити ќе го урне англискиот рекорд поради Грилиш

од Nikola Popovski

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш наскоро треба да стане нов играч на актуелниот европски вицешампион Манчестер Сити.

Пеп Гвардиола има голема желба да го доведе репрезентативецот на Англија, а испратена е понуда од 100.000.000 фунти.

Доколку дојде до трансфер, ова ќе биде рекордна бројка во островскиот фудбал.

Според медиумите, целата работа треба да заврши во следните неколку дена.

Покрај Грилиш, голема цел на Сити ова лето е капитенот на Тотенхем, Хари Кејн.

Да потсетиме, најголемиот трансфер во историјата на англискиот фудбал го направи Манчестер Јунајтед, кој го купи Пол Погба од Јувентус во 2016 година за 89 милиони фунти.

Слични содржини