Џенифер Лопез донираше милион долари за сиромашни во Порторико за време на кампањата во државата Њујорк за прибирање средства за островот, уништен од циклонот Марија пред пет дена, пренесе АФП.

Пејачката е родена во Њујорк, но нејзините родителите по потекло се од Порторико.
Таа објасни дека донацијата ќе биде предадена на неколку добротворни организации и увери дека ќе продолжи да соработува со други ѕвезди од Латинска Америка за да собере донации за да му помогне на настраданиот остров. Циклонот зеде најмалку 33 жртви во Порторико и Доминикана, неколку дена откако оттаму помина ураганот Ирма.
Порторико беше преплавен од поројни дождови и поплави. Напојувањето со електрична енергија е прекинато, и тоа може да трае со месеци.
Телекомуникациските врски речиси целосно се уништени. Луѓето со часови чекаат во редици за да купат храна и гас.