Џенифер Лопез облече фустан кој дури и неа не ѝ стои добро

од desk4
189 прегледи

Ако сакате да оставите впечаток и да ги воодушевите сите, тогаш не ја правете оваа модна грешка која ја направи Џенифер Лопез.

На доделувањето на наградите на Академијата за филмска уметност, Џеј Ло дојде во впечатлив жолт фустан кој сите ги остави без зборови, но овојпат во негативен контекст.

Иако сме навикнати да ја гледаме во исклучителни модни изданија, овојпат таа се појави во фустан кој личи на преголема вреќа и кој воопшто не одговараше на нејзината градба.

Ваквиот модел целосно ги покрил облините по кои Џеј Ло е позната, а во делот околу градите непријатно ја стегал.

Она што е сигурно е дека направила добар избор со бојата на фустанот, но остатокот е целосно модно промашување.

Слични содржини