Џенифер Лопез објави нова колекција за фитнес. Таа е во соработка со брендот “Нијама Сол”, нудејќи хеланки и спортски градници за жени.
Пејачката ја создаде првата спортска облека за истата компанија во август минатата година. Неколку дена по објавувањето на нејзиниот ангажман, таа ги израдува своите обожаватели со нови модели.
Колекцијата на Лопез се вика “Јас сум реална”, исто како и една од нејзините песни. Таа содржи шест различни видови спортски градници, како и осум хеланки во шарени бои со лицето на пејачката.
Некои од хеланките имаат розови и светло-обоени рози, како и моменти од клипови и филмови во кои глуми.
Според официјалната веб-страница на “Нијама Сол”, спортската опрема е направена од 84% рециклирани пластични шишиња од полиетилен терефталат и 16% спандекс.
Неколку часа по објавувањето на колекцијата, жените од целиот свет го преплавија Инстанграмот на компанијата со прашања.
Покрај актерството и пеењето, Џенифер Лопез е исто така позната по својата страст за салата. Таа постојано ги споделува своите тајни како до совршена фигура. Алекс Родригез, кој вежба со неа, ѝ помага нз
а нејзината форма.
Повеќе фотографии од колекцијата создадени од Jay Lo можат да се видат во нашата галерија.