Оскаровката Џенифер Лоренс се вери со дечко ѝ Кук Марони, изјави нејзиниот портпарол за американските медиуми.
28-годишната ѕвезда од “Игрите на гладот” предизвика гласини за свршувачка, откако беше видена да носи прстен, додека беше со Марони, 34-годишен арт-дилер во Њујорк минатиот викенд.
Лоренс, една од најплатените актерки во светот, освои Оскар за најдобра актерка за нејзината главна улога воSilver Linings Playbook.
Сѐ уште не е објавен датумот на свадбата. Наводно, двојката се сретнала за прв пат кога биле запознаени минатата година од долгогодишната пријателка на Лоренс Лаура Симпсон, која ја придружувала за наградите на филмот “Оскар” во 2014 година, објавија медиумите во САД.
Лоренс, која учествуваше во шпионскиот трилер Red sparrow, изјави пред Entertainment Tonight пред излегувањето на филмот дека планира да земе пауза како актерка, за да се фокусира на политичка активност. Таа рече дека овој потег има за цел да го зголеми бројот на “младите луѓе кои се политички ангажирани”.
Лоренс, една од првите големи актерки кои разговараа за разликата во платите на Холивуд во 2015 година, исто така, ги здружи силите со ѕвездите Камерон Дијаз и Адел за време на женскиот марш во 2018 година во Лос Анџелес, на кој беа упатени повици за правата на жените и еднаквоста.
Марони е директор на галеријата Гладстон во Њујорк, САД.