Џез атракцијата Боб Џејмс Tрио со концерти во Скопје

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Концертната агенција и продукција 3 Гонга, ексклузивно го најавува светскиот мајстор на смут џезот, пијанистот Боб Џејмс (Bob James) со неговото трио во сабота на 5 мај со два последователни концерти. Првиот со почеток во 19.30 часот, а следниот, истата вечер, со почеток во 22 часот на сцената на Македонската филхармонија. Боб Џејмс ќе настапи заедно со Мичел Палазоло на бас и Патрик Вилијамс на тапани.

Во текот на својата долга и разнолика музичка кариера и како соло артист и како дел од неговиот квартет и трио Боб Џејмс има издадено преку 50 албуми.Билетите се во продажба преку мрежата на „Купи Карти За Се“ и на билетарата на Македонската филхармонија.