Џибони сними нежен спот за песната „Не си повеќе моја болка“

од desk2
88 прегледи

Легендарниот хрватски музичар Џибони, сними видеоспот за неговиот сингл „Не си повеќе моја болка“ (“Nisi više moja bol”).

Покрај нежните кадри и емотивната приказна љубовната балада доби потполно нова димензија.

Видеоспотот донес еприказна за жена која се бори со разни емоции, од љубов, до жалење, од страв до самотија и мајчинство. Главната актерка е Ива Јерковиќ.

Популарниот музичар во спотот се појавува како набљудувач и раскажувач. Прикажан е неколкупати како весла во немирното море кон непознато.