Џиџи Адид дебитираше за Барбери

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Модна недела во Лондон е уште еден настан на почетокот на годината, кој ни ги претставува едни од најдобрите модни куќи. По втор пат, дизајнерот Рикардо Тиши ги претстави своите модели за британската модна куќа Барбери.

Супермоделот Џиџи Адид беше дел од настанот, облечена во црно-бел фустан, кожени чизми и носејќи кожен ранец. Ова е нејзиното деби за брендот.

Освен типичните за брендот бои, како беж, кафеава, црвена и окер каро, Рикардо Тиши вклучил во колекцијата за есен / зима 2019 и зелена, како и раздвижени младешки линии.

Класиката, исто така, ќе биде дел од нашата гардероба, но секогаш можеме да избегаме со нешто поекстравагантно. Повеќе за колекцијата, видете во нашата галерија.