Џиџи Адид која изгреа како светла ѕвезда на небото на модната индустрија како супермодел се вклопи во улога на дизајнер и сега се зафати со нова работа – фотографијата.
Убавицата застана зад објективот, за да сними не кого да е, туку дечко ѝ – Зејн Малик.
Блондинката имаше можност да го фати пејачот за новата рекламна кампања на Versus Versace за пролет-лето 2017.
Кадрите се снимени типично во стилот на новата генерација и се направени со дигитални камери на смартфони.
Кампањата се фокусира на класичните кожени јакни, тексас со ефект на “избледен” и џемпери.
Сите кадри на Зејн Малик, направени од самата Џиџи Адид, можете да ги видите во нашата галерија.