Џиџи Адид со моќна порака до сите жени

од desk2
92 прегледи

landscape-1473167416-hbz-gigi-hbzuk-index

Минатата недела, во јавноста излезе видео од Џиџи Aдид, како беше нападната од непознат човек кога си заминуваше од модна ревија во Милано. Човекот ја подигна од позади, но таа го удри со лактот по лицето, па тој веднаш ја пушти и почна да бега. Првичните изјави за настанот се обидоа да ја претстават Џиџи како разгалено детиште што го избркала нејзиниот обожавател, меѓутоа таа разјасни на Твитер, дека го имала секое право да се одбрани себеси, и потоа беше воздигната за нејзините постапки. Моделот разговараше со Лена Данам за важноста на самоодбраната на младите жени и секојдневните опасности од улични напади:

“Се сеќавам дека ми требаше време, да го погледнам странецот и мојата прва реакција беше: ‘Извадете ме од оваа ситуација’. Порано тренирав одбојка и моите тренери зборуваа за мускулна меморија. Почнав да боксувам пред 2 години и цело време се потсетував на тоа. Оттогаш не сум била во ситуација да бидам приморана да се одбранам, ама кога тој ме грабна, само по себе ми дојде – немав избор. Јас го имам тоа чувство на борец во мене.”

Таа додава дека се надева нејзината ситуација ке ги инспирира младите девојки да се едуцираат за самоодбрана:

“Искрено, се почуствував дека сум во опасност и го имав секое право да реагирам на таков начин. Дури сакам и девојките да го видат видеото и да сфатат дека и тие имаат право да се одбранат ако се најдат во слична ситуација.”

Моделот исто така откри , како се почуствувала кога ги прочитала насловите за нејзините постапки како “непримерно однесување” и “агресивност”:

“Тогаш навистина се изнервирав. Како прво, жена беше таа што ја напишала приказната со тој наслов. Што би и рекле вие на вашата ќерка да направи? Ако моето однесување не е пример за начин на однесување, тогаш што е? Што би и кажале на вашата ќерка да направи во таква ситуација?”gallery-1474988328-hbz-gigi-fight-embed-akmgsi

Џиџи посочува дека постојат други луѓе, особено жени што се нашле во многу полоша ситуација. Данам пишува дека улично малтертирање се случува на глобално ниво. 45% од жените во Америка не се чувствуваат безбедно да се шетаат сами навечер, според анкета направена во 2014-та година.

“Само сакам да го искористам она што ми се случи, да покажам дека е сечие право и може да биде моќно, да можете да се одбраните себеси” објасни Адид.