Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска во Лондон ѝ оддаде последна почит на британската кралица Елизабета Втора, чиј ковчег е изложен во Вестминстерската сала.
Бајден се прекрсти влегувајќи заедно со сопругата Џил во салата каде што беше поставен ковчегот, додека денеска странските претставници парадираат за да ѝ оддадат почит на кралицата која утре ќе биде погребана.
Во текот на денот присуствуваа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и кралот на Шпанија, Фелипе Шести.
Утре повеќе од 2.000 гости ќе присуствуваат на погребот на Елизабета Втора, која владееше повеќе од 70 години.
President Biden and the First Lady of the United Stated have visited Westminster Hall to view Queen Elizabeth II Lying-in-State
pic.twitter.com/GH9wmLJ9vm— HRH Prince William, Prince Of Wales ➐ (parody) (@HRH_William_) September 18, 2022