Џо Џонас со егренска забава на Ибица

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Џо Џонас ги собрал своите браќа на ергенска забава на островот Ибица. Интересно, Џо е сега законски венчан со Софи Тарнер, актерката на “Игра на тронови”. Двајцата се венчаа во Лас Вегас пред еден месец на брза церемонија.

Младите, сепак, планираат втора свадба во Франција подоцна оваа година, но се уште го чуваат датумот во тајност

Џо сподели неколку снимки од неговата ергенска вечер на Instagram, на која се гледа дека бил во друштво на неговите браќа Ник (26), Кевин (31) и Френки (18).

Напишал под сликите: “Момчињата. Неверојатен викенд на Ибица. Ве сакам сите “.

Јасно е од фотографиите дека Џо, неговите браќа и неговите пријатели пиеле коктели, играле пинг-понг и фудбал.