Џоан Роулинг е највисокоплатениот писател за 2016

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Британката Џоан Роулинг, автор на хит серијата за младиот волшебник Хари Потер, го освои првото место на листата на највисоко платени писатели во светот на магазинот “Форбс” за минатата година.Според изданието, во јуни 2016 година Роулинг веќе имала добивка од 95 милиони долари, надминувајќи го преодниот лидер – американскиот писател Џејмс Патерсон, автор на серија од романи за инспектор Алекс Крос.

Минатата година тој поседувал “само” 87 милиони долари.

Во топ пет се вклучени тројца американски автори – Џеф Кини со 21 милиони, Ден Браун со 20 милиони и Стивен Кинг со 15 милиони долари.

Од 1999 година, Роулинг го зазема првото место на листата на највисоко платени писатели на “Форбс” три пати.