Претседателот на скопскиот Кривичен суд, Иван Џолев се придружи на протестот на судските службеници кој денеска се одржа пред Основниот суд Скопје 2, а се однесува за повисоки додатоци на плата, бидејќи Судскиот-буџетски совет им покачи само 5 отсто, наспорти 10 отсто покачување на додатоците на судиите.
Тој во изјава за медиумите рече дека максимално ги поддржува, затоа што заедно со здравствените и просветните работници, судските службеници се највредните во државата.
„Ги поддржувам затоа што сметам дека залужуваат повисоки примања. Тие, заедно со здравствените работници и просветните работници се највредните служебници во државата. Сметам дека и судските службеници треба по разни основи да имаат поголеми примања, бидејќи многу работат и имаат стресна работа. Во минатото во неколку наврати се зголемени платите на судските службеници, што е за поздрав и верувам во иднина ќе има таква тенденција“, реле Џолев.
Тој вели дека ако не се исполнат барањата на службениците и има штрајк, предметите ќе си се судат, а застој ќе има во оние кои не се итни.
„Законот предвидел како се постапува во итни случаи. Притворските предмети секако дека нема да трпат, предметите ќе си се судат, а оние кои не се итни ќе трпат одреден застој. Меѓутоа да не претпоставуваме во иднина, верувам дека ќе се најдат решенија и платите ќе се зголемат“, истакна Џолев.
А.Т.