Анџелина Џоли била испрашувана во текот на четири часа од американското Федерално биро за разузнавање (ФБИ) поради обвиненијата против нејзиниот сопруг Бред Пит за напад над едно од нивните деца.
Според извештаите актерот остварувал вербално насилство и влегол во конфронтација со 15-годишниот Медокс за време на семеен лет со приватен авион неколку дена пред Џоли да поднесе барање за развод.
По поднесен анонимен сигнал за инцидентот ФБИ почна истрага. Случајот е назначен на федералната биро, бидејќи се случил во воздухот. Извор на американското списание Us Weekly агентите побарале информации за сè што се случило за време на летот – од полетувањето до слетувањето.
Според него, не е исклучено истрагата да продолжи уште неколку недели, по што нивниот заклучок ќе биде испратен на обвинител, кој ќе одлучи дали е потребно да бидат покренати обвиненија.
“Ниту една од страните не сака тоа да дојде до судот, бидејќи сè што ФБИ и Службите за заштита на децата ќе откријат може да биде направено јавно, што ќе е лошо за целото семејство”, посочи изворот.
Според него Медокс не е повреден во конфликтот, а според некои сведоци контактот со Пит било ненамерен.
Пит и Џоли имаат три биолошки деца – Шајло на 10 години и близнаците Вивиен и Нокс на 8 години. Двојката одгледува и три посвоени деца – Медокс на 15 години, Захара на 11 години и Пакс на 13 години.