Номинациите за “Златна малина” официјално беа објавени – “наградите” за најлоши филмски остварувања во текот на годината.
Во веројатно наjнепријатнaтa категорија – за најлош филм – ќе се натпреваруваат пет проекта: биографскиот со Џон Траволта, комедијата “Среќни убијци” и “Холмс и Вотсон”, последната засега екранизација на “Робин Худ” и хоророт ” Винчестер “.
За најлоша женска улога номинирани се Џенифер Гарнер, Амбер Херд, Меелиса МекКарти, Аманда Сејфрид и Хелен Мирен. Битката помеѓу мажите ќе биде меѓу Џони Деп, Вил Фарел, Џон Траволта, Брус Вилис и … Доналд Трамп.
Американскиот претседател е “награден” со две номинации за “Златна малинка” – за неговата улога во филмовите “Смртта на една нација” и “Фаренхајт 11/9” на режисерот Мајкл Мур, како и и во категоријата “Најлоша кино-двојка” . Неговата сопруга, Мелани Трамп, исто така, е номинирана за “Најлоша женска улога”, исто така за филмот на Мур.
Овогодинешното 39. издание на наградата “Златна малина” ќе се одржи на 23 февруари, традиционално еден ден пред Оскарите.