Џони Слеџ, член на музичката група “Систер Слеџ”, почина на 60-годишна возраст во својот дом во Аризона.
Причината за нејзината смрт допрва ќе биде специфицирана. Таа, заедно со своите три сестри Деби, Кејти и Сим, беше дел од една од најпознатите диско групи во светот.
“Систер Слеџ” се создадени како пејачки квартет во 1971 година. Тие се претвораат во суперѕвезди кога диското е во полн замав.
Меѓу најпознатите нивни песни се “We Are Family”, “He’s the Greatest Dancer” и “Lost in Music”. Сестрите имаат над 100 музички награди и стотици концерти на шест од седумте континенти.