Џонсон ги повика родителите да ги пратат децата на училиште: Ризикот од заразување со Ковид-19 во училниците е многу мал

од Nikola Popovski
163 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика родителите да ги испратат своите деца на училиште во септември, оценувајќи дека тоа ќе биде клучен чекор за закрепнување на земјата и нејзината економија од последиците од епидемијата на коронавирус.

„Ризикот од заразување со Ковид-19 на училиште е многу мал и многу е поштетно за развојот на децата и нивното здравје доколку не одат на училиште“, изјавил Џонсон, пренесува Ројтерс.

Затоа, додал тој, клучно е децата да се вратат во училниците за да учат и да бидат со пријателите.

Физички и психолошки последици

„Ништо нема да има поголем ефект врз шансите на нашите деца, од тоа да се вратат на училиште“, рекол британскиот премиер.

Главниот британски епидемиолог Крис Вити изјави дека не постои опција без ризик, но истакнал дека пропуштањето на наставата може да има поголеми последици од коронавирусот.

Тој предупредил дека тоа ќе доведе до нееднаквост и физички и психолошки последици по децата.

Слични содржини