224
Стапката на ширење на коронавирусот во Велика Британија се израмнува и може да започне да опаѓа, но сепак е на високо ниво, поради што не може да има олеснување на ограничувањата, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.
„Почнуваме да забележуваме одредени знаци на изедначување, а можеби и пад на стапката на инфекција и хоспитализации. Но, не заборавајте дека нивото е сè уште многу високо“, им порача Џонсон на новинарите.
Тој додаде дека постои ризик од „олабавување на зафатот на вратот на ѕверот“ и дека вирусот може повторно да излезе од контрола пред луѓето да ги вакцинираат.